Корисници на Reddit измислија нова „сексуалност“: луѓе кои привремено стануваат геј пушејќи марихауна

15.01.2015 11:52
Корисници на Reddit измислија нова „сексуалност“: луѓе кои привремено стануваат геј пушејќи марихауна

Корисниците на платформата Reddit измислија нова сексуалност за луѓето кои стануваат „малку геј“ кога користат марихуана. Темата со наслов „Од марихуана повремено станувам геј. Има ли уште некој?“ се појави на платформата минатиот месец, за да покрене расправа околу феноменот кој им се случува на уживателите во оваа билка.

Авторот на темата пишува: „Често и многу пушам марихуана. Во трезна состојба жените ми се многу привлечни, а мажите воопшто, но кога сум напушен, сè што сакам е орално да задоволам поголем пенис. Чувствувате ли исти ефекти кога употребувате марихуана? Не дека тоа премногу ми пречи, зашто жените и понатаму ме привлекуваат кога пушам, но понекогаш се чувствувам чудно кога се јавува привлечност кон моите пријатели кои инаку не ме привлекуваат.“

Еден од корисниците одговара: „Во мојот круг тоа се вика хај-сексуалност.“

Меѓутоа, сите корисници не ја поддржуваат оваа терминологија, па така еден коментира: „Дрогите често поттикнуваат прашањата на сексуалноста да испливаат на површина. Посебно кај луѓето кои имаат проблем со неа.“

И покрај тоа што оваа дискусија не треба да се сфаќа премногу сериозно, терминот „highsexual“ постои на страницата Urban Dictionary (Урбан речник) уште од 2009 година.

Извор: queer.hr