Марихуаната куртули во Амстердам

02.11.2012 11:18
Марихуаната куртули во Амстердам

Градоначалникот на Амстердам, Еберхард ван дер Лан соопшти дека нема да им забрани на странските туристи да ги користат познатите „кофи шопови“ во кои се служи канабис, по повеќемесечната расправа околу новите закони кои ја ограничуваат употребата на дрога.

Неговиот потег уследи откако новата влада на Холандија соопшти дека локалните власти мораат да одлучат дали ќе ја воведат таквата забрана или не.

Градоначалникот ван дер Лан изјави дека забраната за продажба на дрога на странците би можела да доведе до зголемување на криминалот.

Секоја година, околу 1,5 милиони туристи го посетуваат Амстердам за да конзумираат канабис.

„Тие 1,5 милиони туристи нема да си речат тогаш, повеќе нема да пушиме марихуана туку ќе кружат низ градот во потрага по дрога“, изјави градоначалникот на Амстердам кој долго се противи на идејата за забрана на продажбата на канабис.

„Тоа би довело до нови грабежи, кавги околу лажна дрога, нема да има контрола на квалитетот на дрогата на пазарот - сето она на кое што работевме би било изгубено“, додаде тој.

Амстердам има големи приходи од туризмот, а уживателите во канабис сочинуваат една третина од турисите.

Врз основа на законот кој го усвои претходната холандска влада под водство на конзервативците, националната забрана за користење канабис меѓу странците ќе биде воведена во Амстердам до крајот на годината.

Законот има цел да ја намали употребата на дрога и да ги спречи дилерите да дејствуваат во Холандија и да купуваат дрога која потоа ќе ја продаваат во странство.

На законот жестоко се спротивставија сопствениците на „кофи-шоповите“, кои тврдат дека тој неправедно ги дискриминира во однос на останатите граѓани на ЕУ, и предупредија дека 90% од нивните приходи доаѓаат од странските туристи.

Се проценува дека во Холандија има 700 кафулиња во кои се продава канабис.

Извор: nezavisne.com