Билети за ЗДРАВО МЛАДИ во продажба од петок, 8 мај!

05.05.2015 12:48
Билети за ЗДРАВО МЛАДИ во продажба од петок, 8 мај!

Од наредниот петок (8 мај) започнува продажбата на билети за петтото издание на фестивалот ЗДРАВО МЛАДИ кој ќе се одржи на 7 јуни во Младинскиот културен центар.

Оваа година настапуваат: Sürtükler, Conquering Lion, Ti, Власта Попиќ, Bernays Propaganda, Moodswinger, Кир, Gonjasufi, Prinzhorn Dance School, METZ, Orchestre Tout Puissant Marcel Duchamp, Артан Лили, RIB и Lepi Xhoni.

Првиот викенд, од 8 до 10, мај билетите ќе чинат 300 денари по промотивна цена, само на билетарницата на МКЦ.

Веќе од следниот ден, 11 мај, билетите за ЗДРАВО МЛАДИ ќе чинат 450 денари до денот на фестивалот, а на денот на фестивалот - 7 јуни, билетите ќе се по цена од 600 денари. Билети по овие цени ќе може да се набават на билетарницата на МКЦ, но и на продажната мрежа на МК тикетс (во Скопје и низ Македонија).

Повеќе информации за фестивалот можете да најдете на официјалната страница на ЗДРАВО МЛАДИ.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото