Затвореници во Шутка: Грујо, те чекаме со добри душеци и добар тоалет

15.09.2015 09:43
Затвореници во Шутка: Грујо, те чекаме со добри душеци и добар тоалет

Активистката Мери Николова објави фотографии од катастрофалните услови во затворот Шутка, кои ги добила од затвореници.

„По ојбавите за катастрофалните услови во затворот Идризово, Штип и Прилеп, денес ќе можете да погледнете во какви услови затворенциите во Шутка ја издржуваат својата казна.

Затворениците велат дека и куче да ставите да спие таму ќе умре за 10 дена, а не па луѓе што лежат по 30 месеци и тоа многу од нив невини. Грујо, те поздравувам од нивно име и ти пренесувам, те чекале добри душеци за спиење и добар тоалет“, пишува Николова.

Еве што ѝ напишале затворениците:

„Ако можеш да ги објавиш овие слики за да знае народот каде уште неосудени лица седат овде по 20 и 30 месеци. Спијат на земја, без парно на минусни температури, вечераат секоја вечер супа без фиде, просториите се без дневна светлина. Да знаат луѓето за тортурата од лекарите. Ние сме 23 часа и 30 минути во затворен простор, а само 30 минути надвор. Дали сте се запрашале кога последен пат имало амнестија? Ако не ти донесат ќебе од дома, нема со што да се покриеш. Влага има насекаде. Од кај народниот правобранител измериле дека влагата во воздухот е 54 пати над дозволеното. Сè е катастрофа.“

Извор: brif.mk

ОкоБоли главаВицФото