1017 hPa
94 %
10 °C
Скопје - Пет, 06.12.2024 14:59
Секој од лишените од слобода мора веднаш да биде пуштен заради тоа што станува збор за нужна одбрана.
Луѓето се на улица за да се одбранат од криминалците кои никој не сака да ги собере. Ако полицијата не ги апси криминалците, ако судовите не ги судат, а претседателот на државата им дели опрост, тогаш ние граѓаните мора да се одбраниме од нив. Самите.
* * *
Да се разбереме нешто: со камења е искршена народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов. Таа беше направена за нас граѓаните и ние му ја вративме во состојба во која е целата држава. Беше каменувано Министерството за правда - кое од наши пари е изградено и претворено во ругло.
Не се кршени ниту приватни излози, ниту коли, ниту било што друго што не е изградено од наши пари.
Никој не нè праша кога ги трошеа нашите пари.
Сега решивме дека се погрешно потрошени.
* * *
Ги повикувам сите полицајци (оние вистинските) од МВР да се спротивстават на испоставите на ВМРО-ДПМНЕ во нивните редови (сите оние кои се платени да го бранат раководството на ВМРО-ДПМНЕ). Вие сте платени да нè браните нас граѓаните од криминалците. Посебно од криминалците во власта.
Сега му е мајката.
Извор: Фејсбук профилот на авторката
Фотографија: Роберт Атанасовски