1008 hPa
48 %
28 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 13:59
Зошто е невозможно да очекуваме актуелната влада да ги спроведе потребните промени и зошто никаква инклузија на другите политички партии и/или на граѓаните не може да направи никаква промена во оваа насока?
1. Актуелната влада не мисли дека некаде згрешила. Таа мисли дека сè што прави е добро и демократски и базирано на правото. Како може да бараме да ги поправа грешките, ако не може ни да разбере дека има грешка?
2. Актуелната влада не мисли дека се потребни промени во судството, во полицијата, во односите меѓу државата и партијата, во донесувањето на одлуките, во трошењето на парите, во контролата и одговорноста. Како може да очекуваме тие исти луѓе да прават промени, доколку воопшто не разбираат зошто воопшто се потребни промени?
3. Актуелната влада мисли дека сите претходни избори на кои извојувала победа биле фер, слободни и демократски. Како може да очекувам да менува што било во изборниот процес доколку не може да види дека нешто не е во ред со тој процес?
Кое било заедничко решавање на работите ќе се сведе на убедување на претставниците на оваа влада дека има проблеми, дека згрешиле и дека има многу работи кои не се во ред. Ова е апсолутно невозможен потфат.
Во ваква ситуација има три решенија:
1. Се прави влада на широка коалиција во која се преговара и се прават отстапки, односно се прифаќа дека се согласуваме со одредени грешки и пропусти и дејствија (може и понатаму да останат), со цел да дојдеме до некаков договор кој ќе обезбеди делумно прифатлива ситуација за изведување избори.
2. Се прави експертска влада составена од стручњаци (администратори) кои следат строги процедури и критериуми со цел воспоставување минимум чист простор во кој ќе се изведат фер, слободни и демократски избори.
3. Се руши насилно актуелната власт што подразбира и неколку ризици:
- да има голем број жртви
- на власт да дојдат нови насилници
- хаосот да биде заменет со посакувана диктатура
- да се зацврсти актуелната власт како победничка
Наше е да избереме.
Граѓаните имаат најголема шанса да станат дел од процесот во втората варијанта, многу помала шанса имаат со првата, а третата шанса е најнеповолна за граѓаните. Тие ќе гинат, тоа сигурно, но дали потоа ќе дојдат на власт и ќе имаат какво било влијание врз власта е крајно дискутабилно.
Извор: Фејсбук профилот на авторката
Фотографии: Ванчо Џамбаски