Завчера ја демолиравме парадната улична бесмислица на лудакот што се претставува како претседател на државата

18.04.2016 11:14
Завчера ја демолиравме парадната улична бесмислица на лудакот што се претставува како претседател на државата

Синоќа настрада Триумфекалната капија.

Една жолта дамка врз штитот на некоја измислена историска будала е од моето јајце. Нека се знае дека сум дал едно свое јајце на браникот на слободата!

Завчера ја демолиравме парадната улична бесмислица на лудакот што се претставува како претседател на државата, која, види сега ти, така страсно ја уништува. И таму има мала трага од едно камче што го собрав од асфалтот ризикувајки некој да ми ја скрши главата наместо џамот на водњанскиот пациент.

Тие изблици на граѓанскиот бес не завршија како уништување на народниот имот, тие не беа изрази на вандализам, како што некои, вклучително и некои истакнати амбасадори, сакаат да ги прикажат; не, господа, тие манифестации беа ритуални изрази на убивањето на злото зашто тие објекти не се никаков имот, тие се симболи на злото. На Хорхе сè му е на место: и куќите и калинките и тракторите и жена му и кучето и Чемерски што го зароби!

Не се сомневам дека и најглавниот симбол на злото ќе го снајде уште пострашна судбина и дека вечерва или утре или некој друг ден ќе го спржиме целиот тој кичерај, целата таа бела глупантропност која Груевски си ја изгради за себе, а против нас и против Муличковски.

И, на крајот ќе дојде редот и на седиштето на партијата - и него ќе го обоиме во боите на слободата!

Извор: Фејсбук, 16.04.16.
Фотографија: Ванчо Џамбаски