Слеп архитект проектира со помош на макети од тесто

17.05.2016 11:49
Слеп архитект проектира со помош на макети од тесто

Архитектoт Морао Карлос Переира (45) од Лисабон, главниот град на Португалија, покрај тоа што го изгубил видот во сообраќајна несреќа, продолжува да ја исполнува својата мисија и да проектира.

Переира изјавил дека од својата петта година се интересира за за високи и големи згради. Тој додава дека до периодот кога бил на факултет се занимавал со уметност, а подоцна сепак победила љубовта кон архитектурата.

„Моето семејството го поддржуваше интересот за уметноста, но во текот на студирањето и при изборот на професијата ми препорачуваа да ја изберам архитектурата. По дипломирањето, веднаш почнав да се занимавам со проектирање, но во несреќата која ја доживеав пред десет години, го изгубив видот. На почетокот ми беше многу тешко, се соочував со различни проблеми“ – вели Переира.

Переира истакнува дека повеќе ја сака архитектурата.

„Кога го изгубив видот, мислев дека тоа е крај за мене, но потоа завршив докторски студии на Архитектонскиот факултет на Универзитетот во Лисабон. Она што го работев користејќи ги очите, сега го работам со помош на слухот и чувството. Се разбира дека архитектурата претставува дизајнирање и естетика, но јас сепак продолжив да ја работам мојата работа“ – изјавил Переира, додавајќи дека веќе десет години успешно проектира со помош на макети од тесто. Сепак, како што самиот вели, неговата работа е значително олеснета благодарение на асистентот.

На студентите на архитектура Переира им порачува дека кога професионално ќе се занимаваат со архитектурата, би требало да дизајнираат простори во кои луѓето пред сè ќе се чувствуваат удобно. Тој исто така изјавил дека негов голем пример и модел е отоманскиот архитект Мимар Синан, кој се смета за еден од најголемите архитекти во Европа.

Извор: www.radiosarajevo.ba

ОкоБоли главаВицФото