Со мост преку градот

08.06.2012 10:36
Со мост преку градот

Гратчето Ковилја (Covilha) се наоѓа во централна Португалија и е познато како центар за преработка на волна. Иако стариот град главно е сместен во долина, со индустријализацијата се зголеми бројот на жители, па и градот започна да се шири на околните ридови. Импресивната топографија која се вклучува во урбанизмот на градот во еден миг стана пречка за жителите при нивната подвижност, но и средство за туристичка исплатливост на овој крај.

Природните убавини како бренд најдобро се продаваат ако се проследени од добра инфраструктура, што е случај и со далекувидноста на градот Ковилја. Имено, над градот неодамна беше изграден монументален пешачко-велосипедски мост кој „лебди“ над целиот пејзаж, на дури 52 метри надморска височина.

Проектот, кој го потпиша португалското архитектонско студио João Luís Carrilho da Graça, се нарекува Ribeira de Carpinteira и синусоидно ги бранува просторот и реката Карпинтеира. Целосно е изведен од бел бетон на носачи со квадратен пресек и кружни носачи со спирални скалила на краевите, додека патот е обложен со дрвени летви.

Користено е азобе дрво кое е исклучително мазно и пружа визуелно искуство на истовремено спојување со околината. Од мостот се пружа неверојатен поглед на целиот крај. Иако критичарите би можеле да истакнат дека овој мост можеби остава преагресивна трага во просторот, треба да се каже дека станува збор за мост кој целосно е свртен кон пешачите.

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото