Копањето како одговор на претераната иконичност

04.06.2012 13:10
Копањето како одговор на претераната иконичност

Serpentine Pavillion е лондонска архитектонска атракција која секоја година ја потпишува по еден архитект.

Годинава таа задача им беше доделена на Херцог и Де Меурон, кои соработуваа со кинескиот дисидент Аи Веивеи.

Павилјонот, чијшто концепт во претходните 11 павилјони беше промислување на современата археологија , конечно е завршен. Јавноста делумно беше скептична за проектот чија идеја повеќе беше од концептуален одошто конкретен карактер, односно неговата појавност не беше средиште на проектантскиот интерес.

Целосна спротивност на хиперартикулираните проекти на претходниците, павилјоните на Гери и Нувел, овогодинешниот павилјон во голема мера влегува под земја, па од далечина речиси е незабележителен. При приоѓање кон објектот во фокусот на набљудувачот првин влегува џиновскиот плиток базен со огледална површина под која се наоѓа интимно обликуван простор, каде што како градежен материјал е користена плута.

Разликите во нивелацијата се причина за влегување во просторни дијалози со претходниците, додека самиот изглед на ентериерот делува прилично аскетски. Сепак, архитектите го истакнаа своето задоволство од сработеното, истакнувајќи дека целта не им била „на прекрасниот парк да му наметнат објект кој ќе вика: Види ме, јас сум павилјонот за 2012!“.

За жал, на отворањето на објектот не се појави Веивеи, кој не смее да ја напушта Кина, но беше прикажана неговата снимка на која ја објаснува замислата: „Се сосредоточивме на сеќавањето и минатото. Направивме студија во која целта беше да се копа во темелите на значењето и сметам дека од тоа излезе еден интересен исход“.

Извор: pogledaj.to

ДИКТАТУРАТА НА ДЕЛО, ЕВЕ

ДИКТАТУРАТА НА ДЕЛО, ЕВЕ ЈА!!!

ОкоБоли главаВицФото