Распуштање на љубовните војски

02.07.2016 13:08

Таа запали цигара на начин
по кој сфаќаш дека сè
е веќе решено, и рече:
Крај, се чувствувам како војска
во услови на мир,
маневри низ напуштени ниви,
стерилни обуки
сè подалеку од прометни места,
лисја, прачки, кал, задни дворови;
како пушач среде откажување од пушење,
како љубовник среде откажување од љубов.

О, ти одамна ја мислиш, реков,
звучи како песна.
Финалето ми е оставено мене, ете:
Јас сум лесно ранет,
многу лесно ранет
и непријатно крвав
во услови на мир.

Превод: Никола Маџиров

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото