Мистерија

28.03.2018 20:05

Кога ќе престанат да се сакаат
чешмата во кујната ќе капе

уште на втората година
палмата во собата се исуши
и тие разбраа
ова е знакот

таа е веќе излудена
од неговото ’рчење
и одвратната навика
да пцуе како коњ
(таа сакаше да каже кочијаш
но се чини коњ е понавредливо)

имаше и други знаци
скршеното огледало
ноќните шумови во домот
нивната мачка
таа се фрли од балконот
на деветтиот кат

Токму третата година
чешмите почнаа да капат


Превод: Никола Маџиров

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото