Дедо и молскавиците

21.11.2016 16:43

       заради К. Павлов

 


Кога е мрак и молскавици
кога врне и молскавици
некакво штракање и молскавици
Нè фотографираат ти кажувам нè фотографираат
еве сега птичка
помрднете се малку пиленца
Која е таа Птица
што се пишува со голема буква
Фотограф ми изигрува
сè гледа сè фотографира
за него се нашите пози
за него се нашите рози
за него е нашата насмевка
нашите кисели мимики

Кога еден ден ќе одиме горе ти велам
цел живот ќе разгледуваме фотографии

Превод: Никола Маџиров

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото