Да се сакаме како цвеќе

01.12.2016 17:09

Да се сакаме како цвеќе
во нас самите
Да растеме на живата
граница на зборовите
Јас сум А
круна на извиците,
ти си У
зимурлив цвет

Да се сакаме како цвеќе
во нас самите
како осамени букви
во внатрешноста на зборот
О, ти, збору
пол и матрица
од која се раѓа
сета иднина

Да се сакаме како цвеќе
во нас самите
во вас самите
во нив самите,
како цвеќе, само како цвеќе,
бело цвеќе,
цветови на јаболко.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото