Војник и птица

30.03.2022 09:01

- Тажен си вечерва, му рече птицата,
гледам дека си тажен...
- Не, не, одговори војникот.
- Сепак изгледаш тажен, рече белата птица,
изгледаш тажен.
- Не, не сум тажен, одговори војникот.
Не, не.
- Тажен си вечерва, гледам јас,
имаш нешто на душа - додаде
белата птица.
- Не, не сум тажен - и остави ме на мира,
ѝ свика војникот.
Птицата се одлепи од неговата рака
и летна пафтајќи со нејзините големи
и бели, многу бели крилја.
- Каде ли отишла птицата што зборува?
одеднаш се освести војникот, зборувајќи си сам.


Препев: Ташко Саров

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото