О, луѓе, спасете ја војната

03.11.2023 23:21

О, луѓе, спасете ја војната
Треба да се убиваме
Не треба да сееме пченица, деца, да чуваме стока
Во жената треба да вметнеме плач
А потоа од неа да извадиме свеж скелет
Со клинци детето треба да се закова за греда или за дабово стебло
О, луѓе, спасете ја војната!

Колку е убаво да се гледа воениот пејзаж
Каде што прекрасната музика
Предсмртен крик е
Каде што нож влегува в гради, куршум во тил
Каде што се кочоперат раскошни мршојадци
О, луѓе, спасете ја војната!

Колете се ширум паралелите
Редете ги своите трупови долж меридијаните
Редете се, бесете ги миротворците секој нов ден
И оние сурови мудреци
Расечете му го стомакот на Сидарта
Пресечете ги артериите на човечките висини
Запалете го Џордано Бруно уште еднаш
На Сократ дајте му кукута истиов миг
Галилеј шутнете го со бога
Дајте му прошка, или ставете го во галија
За морнарицата на дебелите мориња да опстане
Со полни едра пловете во смрт
И со бурни раце
И тогаш конечно ќе завладее мир
О, луѓе, спасете ја војната!

 

Превод: П. В.

Јосип Север (1938-1989) - хрватски поет и преведувач. По професија бил синолог и славолог. Студирал синологија во Пекинг, а славистика во Загреб. Преведувал од руски на хрватски. Освен на хрватски, пишувал и на руски јазик. Од руски на хрватски ги превел Бабељ, Мајаковски и Набоков. Преведувал и дела од кинески јазик.

Неговата поезија била под влијание на „ѕвездениот јазик“ на руските футуристи. Објавени поетски книги: Диктатор (1969) и Анархокор (1977).

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото