Рибината коска уште виси на зграда

29.08.2023 11:46

11.7.1995


Децата беа родени
во породилишта,
во болнички соби.
А каде другде?

Распнати пред телевизиските екрани
гледаа емисии од школската програма
и цртани филмови.

Острината на сликата
зависеше од рибина коска,
антената прикачена на зграда.

Секое дете е изманипулиран телевизиски субјект
во литературата,
во болницата и во светот.

Дури и кога сликата на екранот е лоша,
а литературата безопасна,
детето боли во текстот!

Доаѓањето в болница е секако трауматично.
Нова слика на светот
неусловена со екранот, школската програма,
цртаниот филм
и дискурзивната логика на писмото.

Малите пациенти
се башкарат во кревети
а нивните мајки мислат за нив секоја секунда
и ги клукаат со витамински капсули,
слатки сирупи и приказни за замоци
на далечни острови.

И таму имаше цртани филмови, телевизија и книги,
а рибината коска висеше
на прозорецот од болничката соба.
Сепак, тоа не беше единствена слика на светот,
друга беше работата.

Пациентите требаше да бидат класифицирани
наредени во мали боксови
да се следи и анализира нивното однесување.
Поделете им бонбони.

Болница = училиште = касарна = фабрика
Болница = училиште = касарна = фабрика
Болница = училиште = касарна = фабрика
Болница = училиште = касарна = фабрика...

Во меѓупросторот е посеана трева.

Децата растат во училишни дворови,
или по болници,
неважно е всушност каде се наоѓаат,
касарните и фабриките допрва доаѓаат,
далечните острови можеби.

И тогаш сè застана.

Доктор во бел мантил ги тешеше мајките,
после цртаниот филм претседателот свечено
се бапна на екранот и со својата појава
ја наполни болничката соба.

Генералот нудеше бонбони,
автобусите на паркингот пред зградата
станаа бродови спремни да ги примат децата
и незабележано да отпловат
во имагинарниот бескрај
на циничните глетки со разурнати замоци.

Ништо не остана,
нема болници, нема мајки,
собата ја нема
- може да започне колежот.

За среќа,
сè беше снимено.

Рибината коска и понатаму висеше на зградата.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Книжевност
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото