Тажна љубовна песна

21.09.2018 16:37

Само мојот живот навистина ќе умре
за мене, еднаш.
Само тревата го знае вкусот на земјата.
Само крвта моја копнее, навистина,
по моето срце, додека го напушта.
Воздухот е висок, ти си висока,
висока е тагата моја.
Тагата моја ги слуша сè уште неродените пци
што ги лајат луѓето
сè уште неродени.
Доаѓа време коњите да умираат.
Доаѓа време да остарат машините.
Доаѓа време кога паѓа студен дожд
и сите жени ја имаат твојата глава
и ги носат твоите фустани.
Доаѓа и некоја голема, бела птица,
да ја снесе месечината на небо.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото