„Човек не би требало со искусен ловец да разговара за она што Буда го забранил“*

23.04.2017 11:12

Сива лисица, женка, тежина четири килограми и сто грамови.
Метар долга заедно со опашката.
Додека ѝ ја дереме студената кожа со крзно (Каи
нè потсетува најпрвин да отпееме Shingyo)
се шири мирис на мошус измешан со
мирисот на мртвото тело што почнува да смрди.

Содржина на стомакот: цела верверица добро соџвакана
плус една гуштерска нога
а во внатрешноста на верверицата
и парченце алуминиумска фолија.

Тајна.
Скриена длабоко во друга тајна.

* Hsiang-yen

Превод: П. В.

Оригиналната песна

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото