Што треба да знаеш за да бидеш поет

14.03.2015 16:47

Сè што можеш за животните како личности.
имињата на дрвјата и цвеќињата и тревите.
имињата на ѕвездите и движењата на планетите и месечината.
своите сопствени шест сетила со будниот и елегантен разум.
најмалку еден вид традиционална магија:
гатање, астрологија, книга на промените, тарот;

сништата.
демоните на илузијата и нестварните блескави богови;
бакни го ѓаволот во газот и изеди гомно;
навлечи го неговиот рожест бодлив кур,
изеби ја вештерката
и сите небески ангели и девици намирисани и златни -

& потоа сакај ја човештината: жените мажите и пријателите.
детските игри, стриповите, мастиките за џвакање,
чудесиите на телевизијата и огласувањето.

работи долго, досадните часови на тапа работа прифати ги и усвои ги
за да проживееш со нив и на крај да ги засакаш. уморот,
гладта, одморот.

дивата слобода на танцот, екстазата
тивкото осаменичко просветлување, енстазата

стварната опасност. коцкањето. и работ на смртта.

Гари Снајдер (Gary Snyder, 1930), американски поет, роден во Сан Франциско. Студирал антропологија, ориентални јазици, будизам. Работел како морнар, шумар, дрвосечач, но потоа работел и како професор на повеќе универзитети. Објавил над триесет стихозбирки. Објавил и повеќе книги патеписи, антрополошки студии, преводи на поезија и филмски есеи.
Тој е поет кој ги застапува архаичните вредности на природата и животот: магијата на животните, силата на визијата во самотија, застрашувачките иницијации и повторното раѓање, љубовта и екстазата на играта, заедницата како древно племе - наспроти нерамнотежата и незнаењето на нашето време.

Оригиналната песна

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото