1015 hPa
46 %
20 °C
Скопје - Пон, 17.08.2026 00:01

Црногорскиот музичар Рамбо Амадеус на својата Фејсбук страница им го честиташе на своите фанови Меѓународниот ден на трудот.
„На сите луѓе кои живеат од својот труд им го честитам 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, со желба да се изборат за своето основно право, а тоа е да можат нормално да живеат од нормална работа. Исто така, да не наседнуваат на психопатриотските садомазо игранки, кои само служат за да им го свртат вниманието од фактот дека единствен вистински противник им е сопственикот на капиталот, кој прави апсолутно сè за да се поделат работниците по сите можни основи, зашто сопственикот на капиталот се плаши само од една работа, а тоа е работничката солидарност.“