Пиратот и галебот

12.05.2017 14:14
Виц икона

После многу години, се среќаваат двајца пирати.
-Еј, Џон, си заличел на вистински пират, со дрвена нога, кука наместо рака и со превез на окото! Раскажувај како ти се случија овие несреќи?
-Што да ти кажам Роџер, ногата ја загубив при една нерамноправна битка.
-А раката?
-При еден грабеж, таман се фатив за другиот борд и еден со една мачета…
-А со окото што се случи?
-За окотo, како да ти кажам. Си пловев јас во чамец и одеднаш што ми требаше да погледнам нагоре. Еден галеб ми се покака точно во окото.
-Ајде бе Џон, каков беше тој галеб?
Абе галебот беше обичен, ама јас уште не бев навикнат со куката.

ОкоБоли главаВицФото