Наративите во полу-авторитарни режими, случајот со Македонија

13.09.2017 02:14
Наративите во полу-авторитарни режими, случајот со Македонија

На 13 септември (среда) со почеток во 18 часот во Кино Фросина во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи конференцијата „Наративите во полу-авторитарни режими, случајот со Македонија“.

Целта на конференцијата е да се анализираат десните и крајно десни конзервативни и националистички наративи, кои изминатата декада беа развивани и насочени кон повеќе сегменти од општеството, културата, човековите права, политиките на сеќавања, политичкиот дискурс и медиуми, и кои ги загрозија основните принципи и вредности на либералната демократија во Македонија. Оформувањето и развивањето на овие наративи не претставуваше само напад врз основните вредности на либералната демократија, туку и создавање на големи разлики помеѓу „нас“ и „нив“, на меѓуетничко, но и на внатреетничко ниво, како и засилување на авторитарните тенденции и вредности во македонското општество.

Во две сесии свои погледи ќе претстават истакнати млади личности и активисти, кои подолго време работат во областите опфатени од овој проблем и кои ќе ги претстават своите досегашни искуства и истражувања.

Конференцијата е во организација на Фондацијата Хајнрих Бел - Сараево ( Heinrich Boll - Sarajevo).

 

Програма

Прва сесија (18.00 – 19.30)

Игор Мицевски, Билјана Котевска, Кристина Леловац и Славчо Димитров; модератор, Сефер Тахири

Втора сесија (20.00 – 21.30)

Ирена Стефоска, Ивана Драгшиќ, Дарко Стојанов, Миша Поповиќ и Влора Речица; модератор, Љупчо Петковски



(Автор на плакатот: Игор Делов)

Деталната агенда можете да ја преземете на линкот подолу.

ПрилогГолемина
Преземи26 KB