ХОПС: Потпишете петиција за поддршка на програмите за штети од дроги

14.09.2017 00:33
ХОПС: Потпишете петиција за поддршка на програмите за штети од дроги

ХОПС апелира за поддршка од граѓаните за продолжување на програмите за намалување на штетите од дроги. Со потпишување на петицијата, граѓаните од целата држава ќе ја дадат својата поддршка за иницијативата на Здружението на граѓани ХОПС за финансирање на овие програми од буџетот на Република Македонија.

Петицијата за потпишување е достапна на линкот, а истата ќе биде поднесена до Владата, како и до Министерството за здравство. Со продолжување на овие програми се спасуваат многу животи, а финансиската оправданост е потврдена и низ бројки, велат од ХОПС.

- Во државата активни се вкупно 17 програми за намалување на штетите. Нивната ефикасност и придонес кон подобрување на состојбите се гледа и од бројките, само 2 нови случаи на ХИВ како резултат на инјектирање дроги, во последниве десет години. Непреченото функционирање се покажа и како многу финансиски исплатливо. Затоа ги повикуваме граѓаните да се потпишат на онлајн петицијата, да ја дадат својата поддршка и со тоа да придонесат и самите за спасување животи и за намалување на негативните ефекти што произлегуваат од употребата на дроги - изјавуваат од ХОПС.

Со потпишувањето на петиција, како начин за пренесување на волјата на граѓаните, ХОПС ќе повика на донесување итно решение за обезбедување континуирана помош за граѓаните за превенцијата на ХИВ и за воспоставување соработка помеѓу Министерството за здравство и граѓанскиот сектор за донесување соодветни закони кои ќе гарантираат транспарентност, соодветна експертиза и долгорочна одржливост и развој на програмите за превенција на ХИВ.

ХОПС заедно со Платформата за одржливост на програмите за превенција и поддршка на ХИВ во која членуваат 16 здруженија на граѓани, иницираше кампањата „Со клучни одлуки до здрава заедница“ чија главна цел е одржливост на програмите за намалување штети од употреба на дроги во Македонија. Со кампањата се повикуваат носителите на одлуките за продолжување на проектите и програмите кои работат на превенција и унапредување на јавното здравје.

Извор: Плусинфо

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото