Луѓе и места

29.07.2010 14:27
Луѓе и места

Џаспер Џејмс, еден од најценетите патеписни, портретни и рекламни фотографи со адреса на живеење во Њујорк, Лондон и Пекинг, претстави серија фотографии под наслов „People and Places“.

Жанровски, овие фотографии можеме да ги сместиме во портретистиката, како на луѓето, така и на градовите.

Иако Џејмс првенствено го фотографирал Пекинг, тој го укинува секој белег на препознатливост и конотативност на градот. Резултат на тоа е градот како топос, идеал со кој одразувачките контури на луѓето се слеваат со својата околина.

Исто така, лицата не се препознатливи, па е невозможно да се открие во каква врска се со градот кој го набљудуваат. Постои само едно суптилно навестување на родот и возраста. Визуелниот имагинариум на Софија Копола „Изгубени во преводот“ е пренесен во медиумот на фотографијата.

Серијата „Луѓе и места“ е втора во низата фото-патеписи, а започната е со фотографирање на луѓето и градовите на Индија и Јужна Азија. Повеќе за неговото дело можете да најдете овде.


ОкоБоли главаВицФото