Повик за работилница- Франц Кафка: Од „Колонијата на казнетите до „Процес“

13.03.2018 01:41
Повик за работилница: Франц Кафка: Од „Колонијата на казнетите до „Процес“

Во рамки на проектот „Критичко преиспитување на правото“, на 12 април, од 12-14 часот, на Правниот факултет „Јустинијан Први“ ќе се одржи работилница со наслов Франц Кафка: од „Колонијата на казнетите“ до „Процес“. Работилницата ќе ја одржат проф. д-р Маја Бојаџиевска, проф. д-р Славица Србиновска и доц. д-р Ирина Талевска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

И покрај тоа што работилницата ќе биде јавна, потребно е пријавување на учеството на kritika.pravo@gmail.com, бидејќи местата се ограничени. На оваа електронска адреса, може да ги упатите вашите прашања во врска со работилницата, а воопшто и во врска со проектот. Повикот за учество ќе биде отворен до 10 април. На работилницата ќе бидат поделени и работни материјали.

Дебатата се концентрира на темата врзана за улогата на уметноста и нејиниот однос кон правото и во неа ќе се толкува творештвото на Франц Кафка. Во рамките на дебатата во која учествуваат проф.д-р Маја Бојаџиевска, проф.д-р Славица Србиновска и доц.д-р Ирина Талевска ќе се актуализираат низата двосмислени и повеќеслојни значења на расказите на Франц Кафка и романот Процес.

Интересот на присутните на работилницата ќе се фокусира врз расказите под наслов „Метаморфоза“, „Грижата на домаќинот“, „Сосед“, „Јазбина„, „Мелез“, „Пејачката Јозефина и народот на глувците“, „Извештај до една академија“„Мост“, Изградбата на кинескиот ѕид“, „Одбивање на молбата“, „Заедница“, „Пресуда“, „Пред вратата на законот“, „Прашањето на законот“ и врз романот „Процес“.

Во овие текстови низ дебатата се анализира моќта во однос со современите економски и политички проблеми. Во полето на општеството, Мишел Фуко говори за моќта како за феномен кој е иманентен на системот, особено за нејзиното мултиплицирање преку институциите на „дисциплинираните општества“. Тоа го проблематизира статусот на индивидуата, незиниот духовен живот, но и аспектите на субјектот сфатени особено во однос со неговото „над јас“.

Во расказот „Во колонијата на казнетите“ од Кафка „никој не знае кој закон и каков закон е услов за обвинување, ниту зошто е виновен,“ или конкетно „никој не ја познава внатрешноста на законот“ (Ж.Делез&Ф.Гатари). Законот, според Кант, не се потпира врз концепцијата за „вечното Добро“ кое се материјализира во него, туку врз формата на законот, која според јудео-христијанската концепција“ е форма врз која почива самото Добро како такво. Доброто е она што е пропишано со законот. (Ж.Делез&Ф.Гатари).

Законот е потребна „арматура“ или „форма“. Врската меѓу законот, вината, таа која не може да се спознае, пресудата и нејзиното „стапување на сила“ (Ж.Дерида) се аспекти кои се темел на пишувањето на Кафка, но и на неговото разбирање. Законот како форма, како искажување кое казнува е потреба, тој не е вистина (според расправата на свештеникот во параболата Пред вратата на законот).

 

ОкоБоли главаВицФото