Градот Касел го купува контроверзниот „Споменик на бегалците“ што беше срцето на Документа

26.06.2018 21:19
Градот Касел го купува контроверзниот „Споменик на бегалците“ што беше срцето на Документа

 Американскиот уметник и писател со нигериско потекло, Олу Огуибе, пред неговиот обелиск за време на минатогодишната Документа 14. (Фотографија: Џон МекДугал / AFP / Getty Images)

 

Во понеделникот, германскиот град Касел гласаше за купување на јавен споменик на бегалците од Олу Огуибе (Olu Oguibe), американски уметник роден во Нигерија. Големиот обелиск, насловен „Споменик на странците и бегалците“, беше нарачан за минатогодишната Документа 14, предизвикувајќи контроверзии кога беше предложена аквизиција. Силната порака на делото на централна локација во градот ја погоди во нерв земјата која е длабоко поделена околу нејзината политика за бегалците.
Скулптурата висока 52 метри се издига над големиот градски плоштад во Кенигсплац и врз неа е испишан библиски цитат од Евангелието на Матеј: „Бев странец, а ти ме прими“ 
на четири јазици: турски, арапски, англиски и германски. Таа ја освои наградата Арнолд Боде, која градот ја доделува на секое издание на Документа.

Иако веста за продажбата се чини дека претставува мирољубив исход, одлуката на градот да го купи делото не е без услови, а сѐ уште се надвиснува и краток краен рок - кој на крајот ќе ја реши судбината на јавната скулптура. Продажбата зависи од уметникот и од градот, од тоа дали ќе постигнат договор околу тоа дали обелискот ќе остане на својата сегашна локација или ќе биде преместен на друго место. Крајниот рок за постигнување на договор е 30 јуни - што остава помалку од две недели за дискусија - или делото ќе биде отстрането.

Огуибе беше јасен во ставот дека тој се силно се залага делото да остане на својата сегашна локација и рече дека скулптурата била замислена земајќи го предвид и самиот плоштад. „Обелискот не е каузална скулптура. Тоа беше инспирирано од специфичната локација. Ако не беше за Кенигсплац, обелискот немаше да постои, а без Кенигсплац, обелискот нема да постои“, напиша тој во неодамнешната изјава за јавноста. Оттогаш уметникот изјавува дека ќе размисли за компромисно решение и ќе го премести делото на Институтот Документа, што сè уште се планира.

Некои наведуваат на загриженоста дека откупот од градот е едноставен начин да се добие делото легално, а потоа да се премести. На состанокот на градскиот совет во мај, градскиот претставник за култура тврдеше дека планот на градоначалникот бил да го откупи обелискот, а потоа, како законски сопственици, да го демонтираат и да го складираат.

„Споменикот на странци и бегалци“ на Олу Огибе, на кој е испишан библискиот стих „Јас бев странец а ти ме прими" на четири јазици. (Фотографија: Бен Дејвис)


Исто така, имаше значителна реакција за делото од граѓаните и членови во владата од нејзиното откривање минатиот јуни. Најавата на градот дека размислува за откуп на делото кога Документа се затвори минатата есен предизвика понатамошно негодување.

На крајот од јануари, градот започна јавно собирање на средства за да ја купи скулптурата на Огуибе, која била проценета на 600.000 евра (693.000 долари). Еден ден подоцна некој вандал на обелискот ги испиша зборовите „600.000 евра? Дали сте луди?“. До пролетта, беа собрани само 126.000 евра (146.000 долари), но уметникот на крај ја прифати сумата.

Според еден извештај во „Монопол“, галеристот на уметникот, Александар Кох, рекол дека одлуката е „во основа добра вест“, но истакна дека двете страни треба веднаш да почнат да зборуваат за локацијата.

Бегалската криза и растот на популизмот во германската политика не беа занемарлив фактор во контроверзите околу судбината на споменикот на Огуибе. Во изјавата на уметникот во мај, Огибе откри дека добил порака од висок функционер на владејачката партија во градот, Социјалдемократската партија на Германија (SPD). Во пораката се наведува дека „ако обелискот не се отстрани од Кенигсплац, тие ќе имаат проблеми со членовите на десницата“.

Германската екстремно десничарска партија, Алтернатива за Германија (AfD), беше гласна во нивното противење за споменикот, одејќи дотаму што го нарекува „изобличена уметност“ (entstellter Kunst), термин кој, за некои, евоцираше ужаснувачки сеќавања на нацистичката Германија и прогонот на уметност која се смета за „дегенерирана“ (entartete). (Двајца членови на АГ сега се дел од тринаесетчлената комисја за култура која разговара со уметникот и неговата галерија околу делото).

На панел-дискусијата по ова прашање во април, локалниот едукатор и активист Ајше Ѓулеч одговори на контроверзниот коментар, велејќи дека „сè додека политичарите велат 'искривена уметност', потребен ни е обелискот“.


Асистент испишува златни букви на обелискот на американскиот уметник и писател Олу Огибе, роден во Нигерија за време на Документа 14. (Фотографија: Џон МекДугал / AFP / Getty Images)

Извор: news.artnet.com

 

ОкоБоли главаВицФото