Окце, окце зло

01.07.2018 13:32

Во скришното свое ткиво
Во пазувата родна
Го пресадив окцето зло, окце на злото
Пресадив

Дека сум се променил сосем
Дека веќе не сум оној
Ми зборуваат пријателите и оние
Кои пријатели не ми биле

И навистина јас ги гледам
Малку необично малку страшно
Гледам и молчам и заминувам
Во мрачниот отвор таму

Во окрвавените челусти на разумот
Во личниот круг на пламенот
Во окното кртичник на богот-крт
Во селцето Лудо, во Слава

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото