Нема место за хомофобија во Уставот

11.10.2018 01:13
Нема место за хомофобија во Уставот

Требаше да биде големиот подвиг на „светата" Алијанса од традиционалисти, пропагандисти и православната црква. Бракот дефиниран како заедница меѓу маж и жена, да добие свое место во Уставот. И тоа преку референдум. Досегашната неутрална формулација на заедница меѓу брачни другари, не можела веќе да биде толерирана. Истополови парови биле напад врз традиционалните вредности на православието. И само ако дојде до тоа лезбејки и „педери ” да ни ги посвојуваат „нашите" деца. Европа не смеела веќе да диктира како ќе живее романскиот народ! Поповите повикуваа на гласање и најавија во случај на непослушност на нивните овчички - нова Содома и Гомора.

Пред сѐ борба против Европа

Една „Коалиција за семејството" го иницираше референдумот, кој пак Социјалдемократите и православната црква го напумпаа како одлучувачко прашање за општетсвото. Кој ќе гласал за промена на Уставот, истовремено се определувал и за независноста ма Романија од пропаста на европскиот либерализам, се велеше.

Повеќечасовни тиради на омраза и смислени кампањи против хомосексуалци, против ЕУ и против либералната демократија се емитуваа на телевизиите блиски до владата. Шлагот на тортата беше тоа што либерал-конзервативните опозициски политичари се приклучија на манипулацијата. Но, политичарите повторно правеа есап бе нивните гласачи. Од планираната голема победа не излезе ништо. Само 20 проценти од граѓаните со право на глас излегоа на гласање. Референдумот е неважечки. А, се почна многу добро за иницијаторите. Владеачката партија проба се што можеше за на "Коалицијата за семејство" и себеси да си помогне за победа.

Референдумот беше закажан за два дена наместо вообичаениот еден. Нужната излезност од 50 проценти беше симната на 30 проценти. Гласовите и избирачките листи не беа електронски централизирани. Можностите за оспорување на резултатот беа намалени. Само заради ваквата теориска можност за изборна измама беше оправдан бојкотот од голем дел од романскиот народ.

Но, причините за нивниот бојкот се подлабоки. Многу гласачи се уморни од внатрешнополитичките кавги и повторните обиди на владата да го стави правосудството под своја контрола и да ја заслабне правната држава. Веќе 2 години граѓанското општество е на улиците за да го спречи најстрашниот развој во општеството. Тоа што сега 80 проценти од оние со право на глас се противеа да се покорат на централно водената, авторитарна и анти-европска масовна хистерија, е добар знак за либералната демократија во Романија.

На владеачката партија очигледно и недостига силата да ги мобилизира нејзините традиционални приврзаници. На веќе осудениот партиски шеф и претседател на парламентот Ливиу Драгнеа му се закануваат и други процеси за изборни манипулации и злоупотреба на службената позиција. Во партијата веќе подолго време врие, а побуна против Драгнеа е само прашање на време.

Слична е ситуацијата и во најголемата опозициска партија ПНЛ. И таму се чека есенско чистење бидејќи партскиот врв премногу очигледно ја поддржува играта на социјалдемократите. Граѓанските партии како Унијата за спас на Романија, кои повикаа на бојкот на референдумот, добија поттик за нивната политика.

Претседателот поарно да останеше дома

Либерално-конзервативниот претседател Клаус Јоанис не остави добар впечаток на референдумот. Пред затворањето на гласачките места, кога веќе стана јасно дека ќе проадне референдумот и тој се одважи да го даде својот глас. Бојкот ќе му одговараше повеќе на декларираниот про-Европјанин. 80 проценти од гласачите му покажаа дека референдум за „проблем", кој не постои не мора ни да се сфати сериозно.

Во романското граѓанско право бракот јасно се дефинира како заедница на маж и жена. Речиси 40 милиони евра од парите на даночните обврзници беа потрошени за псеудо-референдум, за да се стави таквата дефиниција и во Уставот. Тоа е лошо потрошена пара во една земја која е меѓу најсиромашните во ЕУ.

Извор: DW

 

ОкоБоли главаВицФото