Надреалниот свет на Сузан Пит

03.11.18 14:21

Американската уметничка Сузан Пит , идната година ќе дојде во Загреб за да ѝ биде врачена наградата за животно дело на фестивалот Анимафест.

Во својата богата кариера таа работела во разни медиуми : сликарство, мода, оперска видео сценографија и анимација.

Во светот на анимираниот филм таа влегла преку сликарството и станала препознатлива по надреалистичните, психолошки слики со карактеристични урбани простори, референци на поп културата и современата уметност, како и нејзината љубов кон флората и фауната и Мексико. Во нејзините дела таа често зборува за проблемите на општеството во кое живее.

Сузан Пит создаде фасцинантен филмски опус (Asparagus, Joy street, El Doctor, Visitation) кој и денес редовно го прикажуваат релевантните светски фестивали и уметнички институции.

 Извор: Seecult

ОкоБоли главаВицФото