Цел клас од средно училиште слави 20 годишнина од матура во Германија

30.04.2019 00:11
Цел клас од средно училиште слави 20 годишнина од матура во Германија

Генерација од Економското училиште во Скопје, која матурирала 1999 година, оваа година ќе прослави 20 годишнина од матура во Германија.

Стојко Гаштаров, претседателот на класот, вели дека неодамна направил Вибер група и ги додал сите ученици од некогашното IV 7, за потоа да сфати дека веќе никој не останал во овој град.

„Кога се договаравме за ресторанот во кој ќе се сретнеме, дознавме дека сите 30 ученици живеат во Германија. Најдовме еден убав хотел во Берлин каде напролет ќе ја прославиме дваесеттата годишнина од матурата“, вели тој.

Инаку, најдобрата ученичка и ученичката на генерацијата работи во еден трговски центар во Франкфурт, мистерот од матурата е доставувач на пици во Штутгарт, додека еден од најперспективните ракометари остварил успешна кариера работејќи со гипс картон во Минхен.

„Некогашната класна учителна, која пред десетина години заминала во пензија исто така ќе се придружи на прославата затоа што работи во еден германски старечки дом како негувателка“, додаде тој.

Адаптирано од: https://50nijansipive.com