Сизиф одбил работа во Антикорупциска зашто смета дека на старото работно место ќе биде попродуктивен

05.02.2020 23:13
Сизиф одбил работа во Антикорупциска зашто смета дека на старото работно место ќе биде попродуктивен

Основачот и кралот на Ефир, познатиот Сизиф, одлучил да одбие работа во Антикорупциска комисија бидејќи откако ги анализирал сите постапки кои ги водела комисијата против истакнати личности во последните десетина години, одлучил дека ќе има поголем успех на старото работно место.

Сизиф призна дека судските процеси против актуелните и поранешни политичари, бизнисмени, судии и останати функционери, на прв поглед изгледаат како „сизифовска работа“, но ако погледнете подобро, на сите им е јасно дека Сизиф има барем некакви шанси успешно да ја заврши својата работа.

Тој си замина насмеан, зашто најпосле му стана јасно што мислеле неговите пријатели кога се подбивале со него, откако дознале каква работа му била понудена.

Адаптирано од: https://www.newsbar.hr