Се зачленил во опозициска партија, бидејќи не сака да се појавува на телевизија

22.05.2018 18:52
Се зачленил во опозициска партија, бидејќи не сака да се појавува на телевизија

БЕРОВО, 22 мај 2018 (Вести) - Славе Живков, апсолвент на Факултетот за политички науки, не сака премногу медиумско внимание, поради што неодамна се приклучи во една опозициска партија и така на подолг рок избегна појавување на телевизија.

 - Свесен сум за значењето кое политиката може да го има врз судбината на секој поединец во земјата и мислам дека можам да дадам одреден придонес таа да биде во функција на граѓаните. Тоа е една од главните причини зошто го избрав овој факултет - вели Славе.

- Многу може да се научи на студиите, но време е да го пренесеме ова знаење во пракса. Затоа решив да се приклучам во некоја партија и активно да учествувам во политичкиот живот. Проблемот е во тоа што јас не сакам многу да се појавувам на телевизија, и воопшто медиумската помпа што ја следи работата на политичарите, па одлучив за почеток да бидам во опозиција, но ќе видиме како ќе се одвиваат работите кога ќе се стекнам со одредено политичко искуство - вели тој.

Славе не ја донесе оваа одлука набрзина, туку внимателно ја проучуваше политичката сцена и ја избра опцијата што во моментов највеќе му одговара.

- Внимателно ги разгледав програмите на партиите, ги анализирав нивните активности и видливоста во медиумите. Членството во опозициската партија беше комплетно логично решение, со оглед на мојата желба да бидам надвор од медиумско внимание. На овој начин ќе имам можност да се занимавам со политика далеку од очите на јавноста, како што и отсекогаш сакав - ни рече овој млад човек.

Слика: Иван Ивановски, 307.22, 2015, туш, aкрилик на хартија, 30 x 21 см

Адаптирано од njuz.net