Хоџа ефендијо, може да те прашам нешто?

30.05.2019 18:25
Виц икона

Искачен на минаре, борејќи се со точноста на секундите на неговиот часовник, Насредин оџа се спремал да го запее езанот, повикот за молитва. Таман да пушти глас, одоздола, еден минувач викнал по него.

– Хоџа ефендијо, хоџа ефендијо, те молам дојди малку, имам нешто итно да те прашам.

– Ама не можам човеку, морам да го пеам езанот, немам време.

– Ефендијо, итно е, дојди долу те молам, морам да те прашам нешто.

Оџата мрзеливо слегол по стрмните скали и прашал задишан.

– Кажи пријателе, за што се работи?

– Оџа ефендијо, имаш ли пари борч да ми позајмиш?

– Ајде, дојди по мене – му рекол Насредин оџа и почнал да се искачува по скалите на минарето. Кога се искачиле до горе, испотени и задишани, оџата му рекол:

– НЕМАМ! Ајде сега бегај долу!

Via Агрон Биба

 

ОкоБоли главаВицФото