Куќи за 4 илјади долари: идеја за пензионерски комуни

03.02.2020 14:19
Куќи за 4 илјади долари: идеја за пензионерски комуни

Храната, питката вода и сместувањето станаа луксуз, кој не е достапен за сите во современото општество. Без основните работи потребни за преживување живеат над милијарда луѓе на планетата, но има надеж дека тоа би можело да се промени. Пред неколку месеци, американскиот стартап ICON претстави модел на куќа од 75 метри квадратни која ќе чини само 4000 долари.

Од ICON тврдат дека куќата со 3Д принтер ќе ја направат во рок од 12 – 24 часа, што е само мал дел од времето потребно да се изгради „стандардна“ куќа. Што е 3Д принтер? Исто како што на хартија можеме да испечатиме кој било документ, 3Д печатењето е нова технологија која може да испечати вистински, функционални предмети. Во случај да ви треба чекан, или некој друг алат, со 3Д печатарот може да добиете реплика на алатот за само неколку минути. Тој ќе работи како да е „вистински“.

Куќа од 75 квадрати за 4000 долари

Што се однесува на куќите, целта е на луѓето кои немаат никаво живеалиште да им се овозможи брзо и практично решение и да им се даде место каде можат да живеат на безбеден начин. Куќата ќе има 75 квадрати, ќе биде направена од цемент, а за да ја тестира нејзината издржливост, Џејсон Балард, основачот и директор на стартапот, една ваква куќа ќе ја претвори во своја канцеларија. Цената на изградбата на една ваква куќа е околу 10 илјади долари, а ако се остварат плановите, цената на уќата ќе изнесува 4000 долари.

Моментално моделот се состои од спална, дневна соба, бања и тераса која ја опкружува куќата. Иноваторите имаат уште работа и свесни се дека овој проект ќе успее само ако нивната куќа се покаже подобра од конкуренцијата.

Практична употреба: Наместо во дом , пензионерите би можеле да живеат во среќна заедница

За да ги тестираат овие куќи, фирмата се здружила со непрофитната организација „New Story“, а првиот голем тест ќе се одржи во Ел Салвадор. Таму ќе го преселат својот 3Д принтер, кој го нарекуваат „Вулкан“ и ќе изградат стотина куќи за потребите на тамошното население.

Доколку успее овој проект и пензионерите, наместо во домови за стари лица, би можеле да живеат во вакви куќи во заедница и со соодветна здравствена грижа. Тие кои веќе имаат недвижности, но цените за одржување им се превисоки, би можеле да ги продадат своите куќи, да се преселат во оваа поевтина варијанта, да си го зголемат пензионерскиот буџет и да живеат посреќно.

Извор: businessinsider.com

ОкоБоли главаВицФото