Единство - експериментално видео

01.05.20 14:10

Рускиот графички дизајнер и автор на експериментални филмови, Рус Касанов (Rus Khasanov) снимал во Сеул, Јужна Кореја, кога ја добил идејата за неговиот најнов експериментален филм, насловен „Единство“.
Гледаме стотици меурчиња во боја како се тркалаат, експлодираат и се спојуваат низ целиот екран, создавајќи заслепувачки огномети во нијанси на виолетова, портокалова и повеќе нијанси на сина боја. Музиката е на Дмитриј Евграфов.

По неколку различни експерименти со состојките, Касанов успеал да направи топки од боја што нема да се разлеат. „Кога ќе ја совладувате техниката“, објаснува тој, „можете недостатоците да ги претворите во предности: сега во топките бои што експлодираат не гледам кошмар, туку светла шарена експлозија што ме потсетува на огномет“.Извор: thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото