Д-р Глигиќ: Епидемијата ќе заврши, но ќе има „џебови“

13.05.2020 14:23
Д-р Глигиќ: Епидемијата ќе заврши, но ќе има „џебови“

Вирологот д-р Ана Глигиќ во интервју за телевизијата N1 објаснува зошто смета дека вирусот слабее и од што зависи дали ќе има втор бран.

Глигиќ, прва го изолира марбург вирусот, еден од најопасните во светот, беше раководителка на Националната лабораторија за време на епидемијата на вариола вера во СФРЈ.

На прашањето колку уште време ќе му биде потребно да ослаби, Глигиќ одговара: „Сега е готово. Ќе има само џебови. Тој го најде својот пат и доволно ослабе. Некаде уште ќе има џебови, кога ќе наиде на личност со нарушен имунитет, па таа ќе го пренесе вирусот, и единствено така може уште да трае, но епидемијата заврши. Сега треба само уште одредени договори и следење, неколку дена, два-три дена за и пандемијата и епидемијата веројатно да се прогласат за готови.“

Извор: rs.n1info.com

 

ОкоБоли главаВицФото