Кај диви елени пронајдени антитела на коронавирусот

06.08.2021 00:14
Кај диви елени пронајдени антитела на коронавирусот


  Белоопашестите елени, вид кој се среќава низ цела Северна Америка, изгледа дека се заразуваат со коронавирусот во дивината, покажува нова студија.

Истражувачите во Американскиот оддел за земјоделие (USDA) анализирале примероци од крвта на повеќе од 600 елени во четири земји во САД и откриле дека од 152 елена тестирани од јануари до март 2021, 40% имале антитела на SARS-CoV-2, вирусот што го предизвикува КОВИД-19. Во 2020 година експертите најдоа специфични протеини за ковид-19 кај само три елени.

Присуството на антитела значи дека тие биле заразени и потоа се избориле со вирусот. Животните не делувале болни, па веројатно имале асимптоматски инфекции.

Порано годинава истражувачите утврдиле дека елените се подложни на вирусот кога биле инфицирани во лабораторија, и дека можат да го пренесуваат вирусот помеѓу себе. Но научниците сe’ досега не знаеја дека инфекции се случуваат и во природата.

Научниците велат дека веројатноста за ширење на вирусот од елените на луѓето е ниска, но ваквите резултати покажуваат дека во дивиот свет во САД се создал втор резервоар на SARS-Cov-2. Сепак, ако вирусот циркулира кај другите видови може да продолжи да еволуира, можеби на начини што ќе го направат посилен или полесно пренослив.

„Моментално немаме докази дека вирусот има тешко влијание врз елените. Што се однесува до луѓето, пренесувањето од други луѓе ни е бескрајно поголем проблем“, вели Даниел Бауш, истражувач од Швајцарија.

Од почетокот на глобалната пандемија, експертите се загрижени за ширењето на коронавирусот од луѓето на други животински видови. На пример, минатата година избувна епидемија на ковид кај домашните животни, за што беше потребно преземање посебни чекори. Но за разлика од животните одгледувани од луѓе, инфекциите кај дивите животни не може така лесно да се контролираат.

Сѐ уште не е познато каде и како елените стапиле во контакт со вирусот. Тие може да се заразиле директно од луѓе или од контаминирана отпадна вода или при контакт со добиток или друг див свет.

Извор: National Geographic