Петар Андоновски е добитник на Европската награда за литература

19.05.2020 13:45
Петар Андоновски е добитник на Европската награда за литература

Романот „Страв од варвари“ од Петар Андоновски, издание на „Или-Или“ е добитник на Европската награда за литература.

Петар Андоновски (1987, Куманово) е автор на: „Ментален простор“ (поезија, 2008), „Очи со боја на чевли“ (роман, 2013, три изданија), „Телото во кое треба да се живее“ (роман, 2015, три изданија), „Страв од варвари“ (роман, 2018).

Добитник е на наградата Роман на годината на Утрински весник (2016) за романот „Телото во кое треба да се живее“.

Освен Андоновски, уште тројца македонски писатели беа во потесната конкуренција за наградата. Станува збор за делата: „Утеха за голите“ на Давор Стојановски, во издание на „Или-или“, „Другата страна“ на Ѓорѓи Крстевски („Бегемот“ и „Последните денови на Ханс“ („Или-или“). Во потесниот избор беа 47 автори од 13 земји.

Македонски автори кои ја добиле наградата за литература на ЕУ досега се Гоце Смилевски во 2010 („Сестрата на Зигмунд Фројд“), Лидија Димковска во 2013 за „Резервен живот“ и Ненад Јолдески во 2016 за книгата „Секој со своето езеро“.

 

ОкоБоли главаВицФото