Промоција на поетската книга „Денар на валкан тротоар“ од Јовица Ивановски

22.04.2024 13:32
Промоција на поетската книга „Денар на валкан тротоар“ од Јовица Ивановски

Во среда, на 24.04.2024, со почеток во 20 часот, во Лабораториум, ќе се одржи промоција на поетската книга „Денар на валкан тротоар“, од Јовица Ивановски.

Книгата ќе ја промовира Елизабета Баковска, а песни ќе читаат актерите Петар Арсовски и Емил Рубен.

Јовица Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на осумнаест книги поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките Вечери на Поезијата за книгата „Човек“ (2019).

ОкоБоли главаВицФото