За одводните води

08.08.2016 03:25
За одводните води

Подвозниците се поплавени,
колите-амфибии се управуваат
со раце (доколку немате весла).
Гуми за спасување треба
да висат на секој семафор,
возачите мора да знаат да пливаат...

Очувот на градот и одводните води!
Виновен е одводот, што не е видлив,
во спротивно ќе нè изненадеше со
нови барокни цевки излеани во Италија.

Едно знам: оној што ќе го возобнови
одводниот систем во градот на Вардар,
дефинитивно ќе заслужи споменик.
Овој заслужува само биста –
глава на шахта.

25.05.2014

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото