Месечината и ние

15.11.2016 11:34
Месечината и ние

Со телескоп ја
молземе полната месечина
очекувајќи да запливаме во плима од чувства –
еботе, оваа месечина е ко Хелиевата комета.
Студот и коските, и салото на очекувањата.
Коен во комшии! – небаре вонземјанин дома.
Слушаат луѓето, смртта отвора нови хоризонти.
Доста е, еве ти го окото па ѕвери се до бескрајот!
Внатре е топло, а имаме и тавански прозорци.
Тука ни е месечината, кај ќе ни избега?
Дојди, ќе се гушнеме и ќе си пуштиме филмче,
и ќе заспиеме како бебиња после бањање,
непосредно пред крајот на шпицата.

14.11.2016

 

Слика: Г.А.В.Траугот

ОкоБоли главаВицФото