Објавена Декларацијата „Да ја одбраниме историјата“

17.06.2020 17:25
Објавена Декларацијата „Да ја одбраниме историјата“

 
Во саботата, на 13 јуни, во белдрадскиот Центар за културна деконтаминација е објавена Декларацијата „Да ја одбраниме историјата“ на која работеа некои од најеминентните историчари од земјите од регионот. Во претходните неколку дена, а со намера да се истакне значењето на ваквиот документ, Декларацијата, освен историчарите, ја потпишаа и некои од највлијателните личности од академскиот, јавниот, политичкиот и културниот живот како што се: Флоријан Бибер, Александар Хемон, Дубравка Угрешиќ, Ида Престер, Лана Басташиќ, Хрвоја Класиќ, Игор Штикс, Светлана Слапшак, Андреј Николаидис, Иван Чоловиќ, Филип Давид, Иво Голдштајн и многу други.

Фрагменти од Декларацијата:

Неопходно е да се застане во одбрана на историската наука и да се направи сé за да се сопре нејзината злоупотреба.

Ние, потписниците на оваа Декларација, стоиме зад следниве принципи:

Историјата е наука.

Историјата е динамична.

Историјата е дисциплина на критичкото мислење.

Историјата е мултиперспективна.

Историјата е целовита.

Историјата е наднационална.

Историјата е контекстуална.

Историјата е рационална.

Историјата не е мит, догма, религија, идеологија или емоција. Во неа не се верува, на неа не ѝ се суди, таа не се обвинува, за неа не се навива. Таа го истражува минатото, настојува да го разбере и да го објасни. Таа нас нé учи да ја разбереме сложеноста на минатото за да можеме рационално да се соочуваме со сегашноста и реално да ја проценуваме иднината.

Историјата е слободна.
Како и секоја наука, историјата може да се развива само ако истражувањата се слободни од какви било политички, идеолошки, верски или економски притисоци. Не може да има подобни и неподобни историчари, „патриоти“ и „предавници“.

Историјата е одговорна.


Целата Декларација на македонски можете да ја преземете од следниот линк.

Извор: Krokodil

ОкоБоли главаВицФото