Кимоното како симбол и дизајн

08.08.2020 14:38
Кимоното како симбол и дизајн

Кимоното отсекогаш било еден од најпрепознатливите симболи на Јапонија, безвремено, традиционално и непроменливо. Сепак, првата голема изложба во музејот „Victoria and Albert“ во Лондон, насловена „Кимоно: од Кјото до модна ревија“ го преиспитува овој концепт, претставувајќи го кимоното како динамична модна икона. Изложбата во мај била затворена заради пандемијата, но  сега повторно е отворена. 

Јапонскиот кимоно е облека со значајна социјална историја. Значењето на зборот е „нешто што треба да се носи“, кимоно почнало да се носи во периодот Едо. Универзално, една големина им одговара на сите, кимоното било повеќе пати било повторно откривано и повеќе од еднаш било предмет на културна апропријација во текот на трагањето по неговото потекло и културното значење.

Во музејот се прикажани околу стотина кимона заедно со приказните што ги раскажуваат; од начинот на кроење и изработка се гледа јапонскиот етос за едноставен, но одлично изведен дизајн, до декоративните детали што ја означувале класата и хиерархијата во општествените кругови. 

Извор: vam.ac.uk