1033 hPa
52 %

6 °C
Скопје - Чет, 06.02.2025 19:59
Вечерва во Музејот на современа уметност, со почеток од 21 часот ќе се одржи перформансот dragON aka PONY на Александар Ѓеоргиев, Жана Пенчева и Дарио Барето Дамас, познати како STEAM ROOM. Перформансот е дел од програмата на овогодишниот, осми по ред, Викенд на гордоста Скопје 2020.
„dragON aka PONY“ е првото дело од проектот dragON, кореографска трилогија на авторите Александар Ѓеоргиев, Жана Пенчева и Дарио Барето Дамас (ака STEAM ROOM). Темата на проектот е протестното и телото на честење на дрег сцената, при што се истражува односот меѓу танцот и кореографијата.
„dragON aka PONY“ е кореографско дело во кое е претставено игралиште исполнето со голем број танцови референци од минатото и сегашноста, од Западна и Источна Европа, при што се создава простор на постојана транзиција, раслојување на интимноста и се експонира бедната коегзистенција. Во рамките на современ ПОП, делото ја повраќа геометриската кореографија преку призма на класицизам и употреба на фолклорот како ритуална форма. dragON aka PONY содржи сосем мал дел од Исидора, и многу од MTV или VH1. dragON aka PONY е номиниран за наградата ИКАР 2020 на Сојузот на уметниците во Бугарија во категоријата „Современ танц и перформанс“.
Викендот на гордоста Скопје е фестивал за квир култура, уметност и теорија чијашто цел е да создаде простор за презентирање и промовирање на ненормативните форми на светообразување или, со други зборови, на односите, афектите, идентитетските позиции, телесните стилови и сензибилитети обележани од хетеронормативниот, националистички и неолиберален капиталистички контекст, како квир, ексцентрични и неуспешни. Основната кураторска тема на овогодишното издание на Фестивалот е Суров оптимизам, со што му оддаваме почит на делото на Лорен Берлан за суров оптимизам (2011), и сакаме да ги истражиме и проблематизираме современите општествени, културни и политички состојби преку овој концепт како критичка алатка.
Фестивалот е во организација на Коалицијата МАРГИНИ и ЛГБТИ Центарот за поддршка, во партнерство со Музејот на современа уметност, а се реализира со несебичната поддршка на Фондацијата Heinrich Böll Stiftung, Фондацијата отворено општество Македонија, Европската унија во рамки на меѓународниот проект ВРЕМЕТО Е СЕГА, и ИЛГА-Европа.
Перформансот на STEAM ROOM е организиран во партнерство со Кино Култура.