Ќе се слушнат ли камбаните за манастирот во Матејче?

17.09.20 14:47

Алармирајќи за исклучително лошата состојба во која се наоѓа манастирот Св. Богородица во селото Матејче, кумановско, историчарката на уметност и археолог, Јасмина Зис, ги покрена камбаните во манастирот.

На Фејсбук ја постави снимката и напиша: „За кого ги бијам камбаните! Ќе чуе ли некој? Манастир Матејче,16.09.2020“.

Пред два дена, таа напиша: „Луѓе, само имам да додадам дека состојбата е уште позагрижувачка по опожарувањето на конаците некаде во мај оваа година и повторни диви копања во делови од црквата!“

На нејзиниот Фејсбук профил таа постави голем број фотографии кои ја прикажуваат лошата состојба на манастирот во Матејче, кој е дел од културното наследство.

ОкоБоли главаВицФото