Кеноџуак Ашевак - најпозната инуитска уметница

16.10.20 11:30

Уметницата Кеноџуак Ашевак (Kenojuak Ashevak), од заедницата на Инуитите во Кејп Дорсет, Канада, била првата и најпозната жена Инуит, дел од заедницата уметници кои изработувале резби, карикатури и цртежи во Кејп Дорсет, која добила поддршка од канадската влада и со тоа потврда како уметник.

Најпозната станала по цртежот „Маѓепсаниот був“, кој во 1960 година стана дел на официјалните канадски поштенски марки.  

Родена е во 1927 година во игло во номадскиот инуитски камп на јужниот брег на островот Бафин. Нејзиниот татко бил ловец и почитуван шаман кој бил убиен во конфликт со христијански мисионери во 1933 година, кога таа имала само 6 години. Нејзината мајка во детство ја научила да изработува традиционални уметнички предмети. Имала голем број изложби и добила значајни признанија од областа на ликовната уметност. Починала на 8 јануари, 2013 година. 

Со уметност се занимавала целиот живот, меѓу нејзините дела има цртежи изработени во различни техники на цртање, резби, а исто така, се занимавала со графички дизајн. Во 1963 година, кога Кеноџуак имала 35 години, Националниот филмски одбор на Канада снимил краток документарен филм за нејзиниот живот, семејството и нејзините уметнички дела со наслов „Ескимски уметник: Кеноџуак“, кој беше номиниран за  Оскар.

Во 2004 година таа го дизајнирала витражот кој се наоѓа во капелата „Џон Бел“ на колеџот „Еплби“ во Оуквил, Онтарио. Најголем дел од од нејзините дела се чуваат во Националната галерија на Канада, во Отава.

 Документарен филмEskimo Artist: Kenojuak“ 

 

Извор: dorsetfinearts.com

Слични содржини

Технологија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око / Историја
Активизам / Фотографија / Свет / Уметност / Око
Музика / Око
Живот / Филм / Око

ОкоБоли главаВицФото