1014 hPa
72 %
13 °C
Скопје - Пет, 26.04.2024 09:59
Во рамките на европскиот проект CreArt под покровителство на Град Скопје во Изложбениот салон - Империјал 1 при ЈУ КИЦ - Скопје , на 22 јуни 2021 во 20.00 ч. ќе се отвори ликовна изложба на Јулија Поциуте ( Литванија ) и Владимир Илиевски (РС Македонија). Куратор на изложбата е историчарот на уметноста Кирил Пенушлиски. Изложбата ќе биде отворена до 06.07.2021 г.
Јулија Поциуте е современа литванска уметничка позната по нејзините инсталации со мешани медиуми, односно инсталација помеѓу видео арт, скулптура, дизајн елементи и фотографија.
Завршува ликовна академија во Вилнус ( Литванија) во 2007 год.
Јулија организира повеќе самостојни изложби во Литванија и надвор од неа (Финска, Данска, Германија, Португалија, Италија и др.) Нејзините дела се составен дел од колекциите во музеите во Данска, Шпанија и Литванија.
Владимир Илиевски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2012 год. отсек сликарство, во класата на Вело Ташовски, Свето Манев и Благоја Маневски.
Илиевски досега има реализирано девет самостојни изложби, а учествувал и на повеќе групни изложби во земјава и странство. Автор е и на два мурали, еден во Скопје, а другиот во Струмица. Член е на ДЛУМ од 2012 год. Како позначајна награда, од неколкуте кои ги има добиено, е наградата „Вангел Коџоман“ за најуспешна реализирана изложба на ДЛУМ за период 2011- 2013 год.