1029 hPa
86 %
0 °C
Скопје - Нед, 19.01.2025 20:59
На 1-ви август во Научниот и уметнички центар „Куќа на Уранија" - МАНУ, во Охрид со почеток во 20 часот, ќе се одржи промоција на Лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов.
Во Лексиконот на речиси 400 страници претставени се биографиите на 246 странски сликари и 590 фотографии од нивните дела создадени во Македонија во периодот помеѓу 1850 и 1950 година. Овие ликовни дела: акварели, бакрорези, цртежи, графики, илустрации, се инспирирани од луѓето, градовите, пејзажите, обичаите или од историските настани кои се случиле во Македонија, во втората половина на 19 и првата половина на 20 век.
Во рамките на промоцијата на Лексиконот ќе се одржи изложба на слики од приватната колекција Влатко Милошевски.
На следниве линкови погледнете ја веб-страницата на проектот и интервју со авторот на проектот.