Која е првата жена во историјата што ќе раководи со Лувр?

03.07.2021 13:35
Која е првата жена во историјата што ќе раководи со Лувр?

Веста дека Лоранс де Кар, првата жена во историјата која од 1 септември ќе го преземе раководното место во Лувр, многу брзо го обиколи светот на културата, а ја пренесоа и сите водечки француски и светски медиуми. Оваа умешна и претриемачка жена, која на местото директорка на Лувр ја именуваше претседателот Емануел Макрон, е добро позната во фрнцуската јавност. Добро мислење за неа имаат и луѓето од музеите ширум светот.

Новата диреторка на Лувр, основан во далечната 1793 година, досега ги водеше париските музејски скапоцени камења - од 2014 година раководеше со Музејот Оранжери, посветен на импресионизмот, а во 2017 година стана директорка на Музејот Орсеј, во кој беше особено фокусирана на социјалната улога на музејската институција. Факт е дека за време на нејзиното директорување, се зголемил бројот на посетители на музејот, па во 2019 година, на пример, бројот на посетители на Орсеј достигнал до четири милиони. Ова е една од причините што ѝ била доверена едена од најпопуларните и најпознатите уметнички институции во светот. Иако формално сè уште не ја презела функцијата од Жан-Лик Мартинез (кој беше директор 8 години и беше заинтересиран за уште еден мандат, па „битката“ воопшто не беше наивна), веќе во Елисејската палата го предала проектот во кој ги изнела своите идеи како да се осовремени функционирањето на Лувр.

Нејзинопт прв потег ќе биде создавање на деветти оддел посветен на Византија и на христијанството од Истокот и никој не се сомнева дека е тоа правилна одлука. Таа изјавила дека никогаш нема да го заборави среќниот момент кога ја слушнала веста дека ќе раководи со Лувр и дека ќе биде во можност да ја спроведе својата идеја за продолжување на работното време на музејот, кој во моментот ги затвора вратите во 17,30 часот, а со цел во Лувр да привлече млада публика, како и да го негува дијалогот помеѓу уметноста на далечното минато и современиот свет.

„Лувр може да биде целосно современ, може да му се отоври на светот на денешнината раскажувајќи за минатото, да им даде релевантност на денешните дискусии преку брилјантната историја. Потребно ни е само малку време и перспектива, излегуваме од дестабилизирачка криза, сите живееме во возбудливи но комплицирни времиња...Сите по малку ја изгубивме насоката“, изјавила де Кар за „Гардијан“.

Она пак што го истакнуваат француските медиуми е дека на Макрон особено му се допаѓа визијата на де Кар за Лувр во моделот на нациналниот дискурс и во блиска поврзаност со споменатите современи теми.

Лоранс де Кар

Таа е позната по тоа што отсекогаш ја нагласувала општествената улога што ја имаат музеите. Де Кар, која потекнува од француско благородништво, од семејство на еминентни писатели и е експерт за сликарство од 19-от и раниот 20 век, ја продолжува поранешната традиција на чело да Лувр да се поставуваат историчари на уметност од аристократски семејства. Оваа традиција само накратко ја прекина сега веќе поранешниот директор Мартинез кој е архитект од работничко семејство.

Лорен де Кар ја започна својата кариера како кустос во Музејот Орсеј во 1994 година, по што ја презеде Агенцијата за француски музеи во 2007 година, владино тело одговорно за отворање на Лувр во Абу Даби. Проектот вреден десет милијарди евра беше отежнат со одложувања и зголемено незадоволство во Обединетите Арапски Емирати, а кога Мартинез го презеде Лувр, тој ја смени Де Кар и го назначи Жан Франсоа Шарние за шеф на Агенцијата на кустоси и археолози.

Една изложба организирана во музејот Орсеј, за време на нејзиниот мандат, сè уште се памети – поставката посветена на црните жени во западното сликарство на 19-от век, а не поминаа без реакции и вредните аквизации меѓу кои беа и делата на Гоген и Мане.

Де Кар е голем подржувач на реституцијата на уметничките дела кои во текот на Втората светска војна ги ограбиле нацистите. Имајќи го предвид тој нејзин ангажман, логиќно е што ја имаше клучната улога во враќањето на оригиналните сопственици на сликата од Густав Климт „Рози под дрвјата“, а која им била одземена во 1938 година во Виена. Тоа беше прв случај Франција да врати уметничко дело на жртвите на нацизмот, а кое било купено со државни пари.

На прашањето дали можеби ќе дозволи позајмување на славната „Мона Лиза“, де Кар одлучно одговори: „Не, тоа дело е многу нежно и кршливо, а исто така, радоста на посетата на некои музеи во светот се состои и во тоа таму да се видат некои дела кои не можат да се видат никаде на друго место во светот“.

Конечно, не е безначајно да се спомене и тоа дека во Франција, според податоците на тамошното инистерство за култура, 67 отсто од директорите на музеи се жени.

Извор: The Guardian